Здружение на хемофиличари информира дека денеска во 12 часот пред Универзитетската клиника за детски болести, Центарот за хемофилија при ИТМ и Универзитетеска клиника за Хематологија, ќе биде одбележан Светскиот ден на хемофилија – 15 април.
Од Здружението известуваат дека Светскиот ден на хемофилија ќе биде одбележан со пуштање на црвени балони, садење 17 рози пред Центарот за хемофилија и боење на платото пред трите најважни места каде се згрижуваат лицата со хемофилија и останатите коагулопатии.
0 Коментари