Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, во чест на одбележување на 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот денеска во Скопје организира настан под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес.
Согласно нашата мисија како мрежна организација на локалните здруженија на лицата со дијабетес, која се застапува за здравствени политики усогласени со ЕУ стандардите и користење на најнови иновативни технолошки достигнувања и терапија за третман на лицата со дијабетес, како и создавање на поттикнувачка дијабетес култура, одлучивме ова одбележување да го организираме под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“, велат организаторите.
Од овој концепт очекувааат да се дефинираат активности кои ќе иницираат соработка со јавните здравствени институции на партнерско ниво, соработка со националните здравствени власти.

