Одбележување на национален ден на Катар 18 Декември
Foto

Одбележување на национален ден на Катар 18 Декември

Државата Катар го слави својот Национален ден на 18-ти декември секоја година по повод пристапувањето на шеикот Џасим бин Мохамед бин Тани на власт во Државата, успевајќи при тоа да ја обедини својата татковина во 1878 година и да ги постави темелите на својата модерна држава и да го претвори Катар во единствена, сплотена и независна држава.  Националниот ден ја слави припадноста и лојалноста кон татковината, и ја прикажува солидарноста, единството и гордоста кон  националниот идентитет на државата Катар.

Катар поседува една од најсилните економии рангирајќи се на врвот на најбогатите земји во светот. Тоа му овозможува на Катар да ги прошири своите развојни планови и инвестициски потенцијали во индустриските и економските домени и во научно истражувачки дејности како во земјата, така и во странство. Високите приходи во оваа држава се користат во масовни развојни мега проекти, од инфраструктура до поддршка на индустријата, странски инвестиции и приватен сектор. 

Туризмот во Катар се смета за силен придонесувач во економијата и претставува вистинска манифестација на модернизацијата на државата. Спортот е во водство со меѓународни настани кои се движат од трки со коњи и камили до брзо возење со чамци и бродови. Катар исто така ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал ФИФА 2022, а воедно и прва арапска земја што го организира настанот.

Од воспоставувањето билатерални односи меѓу Државата Катар и Република Северна Македонија во 1996 година, двете земји ја зголемија соработката на различни нивоа и потпишаа голем број договори и меморандуми за разбирање и соработка за промовирање и заштита на инвестициите, за одбегнување на двојно оданочување и зајакнување на билатералните трговски, економски, културни, политички, научни и развојни врски покрај технолошката соработка и размената на искуства.

Следејќи ја Националната визија 2030 година, Катар дејствува како активна и одговорна членка во меѓународната заедница и придонесува кон одржување на меѓународниот мир и безбедност преку политички, економски, развојни и хуманитарни иницијативи.

Foto

0 Коментари

Остави коментари