Одбележување на 19 Мај, Денот на семејниот лекар
Foto

Одбележување на 19 Мај, Денот на семејниот лекар

„Семејните доктори се грижат за вас во текот на целиот ваш живот“ е темата на манифестацијата што ја орагнизира денеска Здружението на лекари по општа и семејна медицина (ЗЛОМ/СМ), по повод 19 Мај, Денот на семејниот лекар.

Манифестацијата ќе се одржи на Медицинскиот факултет во Скопје, а според најавата, треба ја отвори  министерот за здравство Венко Филипче.

Покрај министерот Филипче, обраќања ќе имаат и д-р Жихан Тавил од Светската здравствена организација, претседателот на WONCA Europe, проф. д-р Мехмет Унган, претседателот на Асоцијацијата на лекари по општа и семејна медицина на Југоисточна Европа, прим. д-р Љубин Шукриев, координаторот на Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет, проф. д-р Катарина Ставриќ, како и претседателот на ЗЛОМ/СМ, д-р. Катерина Ковачевиќ.

По обраќањата ќе следува дискусија, а предвидено е и доделување признанија.

0 Коментари

Остави коментари