Одбележување 16 години од смртта на поранешниот Претседател Борис Трајковски
Foto

Одбележување 16 години од смртта на поранешниот Претседател Борис Трајковски

Струмичани му одадоа почит на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Пред споменикот Македонија подигнат во негова чест, голем број граѓани, негови роднини и преставници на локалната и централната власт положија цвеќе во чест на Трајковски кој загина во авионска несреќа кај Мостар. Тој беше фактор на мирот и стабилноста не само во земајва туку и во регионот кажа градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Трајковски беше силен поборник за интеграција на државата во европското семејство и северноатлантската алијанса кажа Јаневски според кого еден од ретките политичари и функционери кој беше меѓу народот со својата човечност.

Трајковски потекнува од Струмица. Во 1999 та година беше избран за шеф на државата на вторите по ред претседателски избори. Почина во авионска несреќа кај Мостар во Босна заедно со екипажот.

0 Коментари

Остави коментари