Одбележана 30 годишнината од смртта на Блаже Конески
Со „Отворен час“ и со почит пред споменикот во центарот на Прилеп денеска беа одбележани 30 години од смртта на великанот, кодификаторот на македонскиот стандарден јазик, академикот и писател Блаже Конески.
Во организација на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ и на прилепскиот Завод и музеј повеќе делегации од Прилеп и општина Долнени се поклонија и пооложија цвеќиња пред споменикот на Конески пред Домот на културата „Марко Цепенков“. Ученици од основното училиште што го носи името на Конески рецитираа поезија од и за Конески.