Од ВРЕДИ ќе му ги објаснуваат аргументите за Албанска академија на науките и уметностите на Мицкоски

Отакко на јавна сцена си порачаа дека заеднички јазик за Албанската академија што ја заговараат Вреди не може да имаат со коалициските партнери во Владата, лидерската четворка од Вреди, на Христијан Мицкоски според неофицијалните информации на ТВ 24 од коалицијата, на состанокот ќе му објаснуваат на премиерот кои се нивните аргументи зошто е потребно Албанска академија на Албанците.

И додека се планира средбата, од Вреди и денеска од владејчката четворка со нова порака до премиерот, го разбирале, но не се откажаувале од нивната идеја. 

И додека од Вреди се децидни дека нивната иницијатива не претставува парарлелизам, а тоа го констатирало и координативното тело на Вреди за нова Академија, министерот за локална самоуправа Златко Перински за ТВ 21 тврди дека концептот е погрешен. 

Освен премиерот Мицкоски против идејата на неговите коалициски партнери е и Максим Димитриевски, но и опозицијата и од македонскиот и албанскиот блок. За да се формира нова национална Академија, потребен е закон, за кој Вреди нем мнозинство во Собранието. Дека државата може да има само една национална Академија порачаа и од МАНУ.