Од возило на брза помош се истовараат столчиња за казино во Тетово

Амбулантно возило се користи за превоз и растовар на столови за потребите на казино во Тетово. Уште еден скандал поврзан со здравството во Тетово.

Видеото, кое го објави порталот Тетова сот, експресно се споделува во текот на денешниот ден, а настанот се случил во текот на ноќта. Министерот за здравство, Фатмир Меџити тврди дека амбулантното возило не е на Клиничката болница во Тетово.

Директорот на Здравствен дом-Тетово, Борислав Јоргаќиески за тв 24 вели дека не станува збор за возило во сопственост на јавна здравствена установа.

- На социјалните мрежи кружи видео каде се споменува дека со возило на Брза помош во Тетово се врши транспорт во казино, со кое се нарушува угледот на одделот за Итна медицинска помош и е целосно невистинит. На посоченото видео не е возило на Итната медицинска помош или Брза помош која работи во склоп на Здравствениот дом-Тетово, туку се работи за за амбулантно возило во сопственост на приватна установа. - велат од Здравствен дом Тетово.

Директорот Јоргаќиески, потенцира дека Министерството за здравство е целосно запознаено со случајот, а известено е и СВР Тетово. Ова не е прв ваков скандал во Тетово, во месец април Тик ток анестезиологот снимал пациентки во сала на гинекологија и пренесувал во живо на социјалните мрежи, потоа следуваше и случајот со хирургот се сомничише за злоупотреба на податоците на пациенти за остварување финансиска корист.