Од вчера гори скопската депонија Дрисла

Во скопската депонија Дрисла се уште е активен пожар кој еруптираше вчера, кога беа евидентирани вкупно 28 пожари на отворен простор.

“Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично)”, известија изутринава од ЦУК.

 

Од почетокот на месецов, заклучно со вчерашниот ден, се забележани вкупно 484 пожари на отворен простор со поголеми димензии. Од тој број, 23 биле шумски пожари, додека во преостанатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблести растенија и деградирана шума, како и депонии.