Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија
Foto

Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Србија ќе ја затвори границата за македонските државјани освен за оние кои имаат негативен ПЦР тест.

Од утре, за влез на територијата на северниот сосед, граѓаните мора да имаат негативен тест кој не смее да биде постар од 48 часа, и почнува да важи од моментот на издавање на сертификатите од страна на овластените лаборатории.

„Одлуката важи за жителите на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија. Проценката е донесена врз основа на актуелната епидемиолошка ситуација како и порастот на бројот на заболени во последните денови. Во моментов ситуацијата во Србија се подобрува и сакаме така да остане и во иднина.“ - изјави Дарија Кисиќ Тепавчевиќ  - Член на кризниот штаб на Србија.

Слична мерка воведува и црногорската влада. За влез во државата ќе биде потребен негативен ПЦР или серолошки тест. Денеска попладне седница ќе оддржи Националното Координативно тело на која ќе бидат дефинирани начините за влез во земјата за сите држави од Западен Балкан. Покрај за Македонците, влез во државата најверојатно ќе биде дозволен и за жителите на Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, велат од црногорскиот Институт за јавно здравје 

„Ние сме во фаза на израмнување на кривата и очекуваме да се спушта надолу. Детално ја рагзледавме ситуацијата во соседните земји. Во некои држави сутуацијата е под контрола. Под исти услови границата ќе биде отворена за Босна, Србија, Косово, Албанија и Македонија. Еден од условите за влезџ во земјата сигурно ќе биде негативен ПЦР тест.“ - изјави д-р Бобан Мугоша - директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје.

Како што велат од институтот, одлуката за отворање на границите доаѓа по барањата на туристичките работници со оглед на тоа дека државата се соочува со неуспешна туристичка сезона.

Од земјите од регионот, со негативен ПЦР тест, македонските граѓани можат да влезат во Бугарија и Косово. Хрватска дозволува влез за македонски туристи, но само доколку на граница покажат потврда за уплатен туристички аранжман и негативен тест.

Грција пак останува затворена за македонските државјани барем до крајот на август. Од 17 ти август за влез во Грција нема да биде потребен негативен ПЦР-тест само за возачи на товарни моторни возила.

0 Коментари

Остави коментари