Од утре угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот
Foto

Од утре угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот

Независната угостителска комора незадоволна од владините мерки за надминување на последиците од ковид-кризата. Обвинуваат дека владата им помага на дел од преставниците на Стопанската комора на Македонија а на угостителите неоправдано им го ограничува работното време и правото на работа.

Според претставници на Комората, има повеќе од 15 милиони евра неискористени средства од четвртиот сет мерки и дека тие можат да се наменат за јануарска и февруарска субвенција за плати во угостителската индустрија.

„Не можеме да се изначудиме што од една страна Владата изјавува дека со Буџетот за 2021 година се предвидени само 50-тина милиони евра сет мерки за помош и поддршка на компаниите за справување со пандемијата, а истовремено преку ноќ носи одлука со која доделува грант – неповратна помош во висина на проценета вредност од околу 162 милиона евра на локомотивите од индустрии кои и во изминатиот период искористија најголем дел од економските мерки за помош и поддршка.“ - ..велат од Комората.

Од Комората и даваат рок на Владата до 25 јануари да ги усвои нивните барања за креирање посебни мерки за директна помош и поддршка.

Угостителите бараат и изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10 проценти на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти, како и одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија, односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со грејс период или наплата по завршување на корона пандемијата.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска отрки дерка следната недела ќе биде одлучено дали на угостителите ќе им се дозволи да работат до 23.00 часот. Иако смета дека угостителите не биле запоставени, Битиќи вели дека ќе разговата со нив за новите барања за помош.

Скратувањето на работното време на угостителските објекти стапи во сила на 18 декември а целта на оваа мерка беше спречување на ширењето на ковид 19.

0 Коментари

Остави коментари