Од утре такси превозот во Штип поскапува за 30 проценти

Поскапува такси превозот во Штип. Пресметките се дека ова зголемување ќе биде за 30 %. Висината на стартот не се менува, бидејќи за тоа е потребна одлука на Советот на општината, но повеќе нема да има гратис километри.

Но, ова нема да биде единствено зголемување. Ако нема владини мерки за стабилизирање на цените на горивата тогаш ново поскапување ќе има уште еднаш во јули и на почетокот од септември. 

Зголемувањето на такси услугите  значително ќе удри по џебот на штипјани бидејќи општината нема организиран градски превоз. Пропадна последниот тендер бидејќи на повикот не се јави никој. 

Додека се чека на новиот тендер за градски превоз во кој ќе има субвенции и промена на правилата околу формирање на цените дури и оние што не можат во Штип ќе мора да одат пеш.