Од утре само 3 дежурни служби во Скопје, 18 во цела Македонија–на заболекар само ако е итно
Foto

Од утре само 3 дежурни служби во Скопје, 18 во цела Македонија–на заболекар само ако е итно

Од утре се затвораат стоматолошките клиники и ординации – а ќе работат вкупно само 21 служба низ целата држава.

Само 3 служби ќе го покриваат цело Скопје. По една во Аеродром, Чаир и Ѓорче Петров. Ќе бидат ли доволно? Граѓаните загрижени, дел од стоматолозите со прашања како сево ова ќе функционира?

Како итни стоматолошки услуги се наведени силната постојана забоболка која не поминува ниту со лекови, акутна инфекција изразена преку отоци, тешко отворање на уста и зголемена телесна температура, поголеми крварења кои не сопираат повеќе денови како и скршеници на заби и вилици. 

Освен во Скопје вакви служби ќе има и во Охрид, Струга, Гостивар, Липково, Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Виница, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Кичево, Пробиштип, Крива Паланка, Пехчево и Куманово. 

Во градовите каде што нема услови за работа во вонредни околности во здравствените установи работата ќе ја преземат приватните стоматолози.

Од страна на Здружението на приватните стоматолози пак предупредуваат дека може да се случат проблеми во функционирањето.

Сите стоматолози кои што нема да работат ќе бидат должни да бидат на располагање на пациентите преку телефон или електронска комуникација за време на работното време во кое работи ординацијата, но и да бидат подготвени веднаш да се вклучат во системот на итни стоматолошки служби. 

Од Стоматолошката комора најавија дека во текот на денот ќе излезат со официјално соопштение со кое ќе се разрешат сите дилеми кој и како од утре ќе нуди стоматолошки услуги.

0 Коментари

Остави коментари