Од утре облачно време, пообилни врнежи од дожд и снег на планините

пообилни врнежи од дожд, а на планините и снег, за утре и за в среда најавуваат метеоролозите.

Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Утре и во среда врнежите ќе бидат пообилни а на места ќе наврне и над 35 литри на метар квадратен. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во среда ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.