Од утре нови цена на горивата
Foto

Од утре нови цена на горивата

Регулаторна комисија за енергетика утре напладна ќе ги соопшти новите цени на горивата.

Со последната промена минатата недела за половина денар поевтинија бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ.

Новата цена на Еуросупер БС – 98 сега изнесува 68 денари за литар, 70 денари чини литар Еуросупер БС-98,  62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на мазутот M-1 HC се зголеми за 0,305 денари и килограм од тој енергенс се продава за 38,548 денари.

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика беше донесена врз основа на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

0 Коментари

Остави коментари