Од утре на полиците во маркетите над 50 производи со намалени цени за 10%
Белиот леб, печивата, млекото и млечните производи месото и преработните од месо, овошјето и зеленчукот како и околу 100на останати прехранбени производи поевтинуваат за 10 отсто. Од владата соопштија дека ќе се обидат оваа одлука да биде објавена во Службен весник уште денеска за од утре да важат новите цени.
Во маркетите трговците имаат обврска да ги обележат овие производи под називот гарантирана цена. Цените не смеат да се зголемуваат до 30ти ноевмри година. Цените треба да бидат намалени за 10 отсто во однос на тие што се продавале на први август оваа година.
„Кога зборуваме за белиот леб, зборуваме за сите видови од сите комапнии од сите производители на бел леб, кога зборуваме за млеко зборуваме за сите производи на млеко од сите производители, дали е домашно производство, дали се увезува како категорија на млеко со одредена масленост за сите кои се на македонскиот пазар. Бројката може да биде и над 500 производи. Не ја знам точно бројката на производи.“ - вели Крешник Бектеши министер за економија.
Според информациите, компаниите производители и дистрибутери на храна се должни да испорачуваат најмалку 70 отсто од количините во маркетите од тоа што го правеле во август. Доколку не се почиотуваат правилата на оваа мерка освен паричќна казна ќе следува и затворање на маркетите од страна на Државниот пазарен инспекторат, предупреди Бектеши.
Тој апелираше до граѓаните да пријавуваат нерегуларности доколку забележат дека во некој маркет цените не се корегирани. Надлежните немаа информација за колку ќе се намали инфлацијата со оваа мерка, но се надеваат дека таа ќе падне за неколку проценти.