ОД УТРЕ ЛЕКОВИ СО ЛИЧНА КАРТА ИЛИ ПАСОШ

Од утре  лекови во аптеките само со лична карта. Со стартот на новиот месец почнуваат да важат неограничени квоти во аптеките и лекови на рецепт што се на товар на Фондот ќе може да се земат секој ден во месецот, не само до 5.ти или до 15. во месецот. Граѓаните  ќе треба да приложат лична карта или пасош, а на истиот начин ќе може да земат лек и за други лица, постари граѓани, деца или за лица со посебни потреби. Здравствените власти уверуваат дека нема потреба да создаваат залихи, бидејќи лековите ќе бидат достапни во текот на целиот месец.

Со новиот систем сите аптеки добиваат еднакви услови за работа на ФЗО во реално време ќе има увид на застој и недостаток на лекови.Министерот за здравство уверува дека со укинувањето на квоите се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови во аптеките

Ресорниот министер потврди дека централизирана комисија што ќе работи на ревидирање на позитивната листа на лекови ќе одлучува според новиот закон што треба да помине пред пратениците. Потоа ќе се направи ревизија со која ќе има ослободување од стари и воведување на нови лекови.