Од утре граѓаните би требало да ги почувствуваат бенефитите од есенската потрошувачка кошница

Одлуката за Есенската потошувачка кошничка денеска ќе биде објавена во службен весник, потврдија од владината пресс служба. Со ова мерката на владата за поевтини прехрамбени производи од утре треба да стапи на сила. 

73 производи како што се брашно, леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, тестенини, масло за јадење и дел од конзервираните производи на рафтовите во маркетите ќе бидат означени со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, а тоа значи дека трговците ќе имаат обврска бруто профитната маржа или заработката да им биде до 10 отсто на овие артикли. 

Од Сојузот на стопански комори за Телевизија 24вести веќе соопштија дека нивниот став е дека цените треба да ги одредува пазарот, пазарната екомомија и механизмите на пазарот. 

Од друга страна граѓаните сметаат дека овие мерки се задоцнети и воопшто нема да влијаат на подобрување на нивната куповна моќ. Синдикатот пак смета дека ограничувањето на маржите требало да се случи порано  бидејќи инфлацијата ги изеде платите на работниците.

На крајот на овој месец на сила треба да стапи законот за не фер трговски практики кои треба да ја ограничи маржата на околу две ипол илјади производи.