Од утре достапна трета доза вакцина за граѓаните над 60 години.
Додека се најавува имунизација со трета доза која официјално треба да почне утре, интересот за вакцинација меѓу граѓаните полека спласнува.
После првичните бројки од повеќе од 10 илјади вакцинации дневно, веднаш откако беа воведени последниот сет на антиковид мерки, во изминативе денови, овој број се движи помеѓу 7 и 8 илјади.
Лицата над 60 години, здравстените работници и оние кои имаат имунолошки болести од утре ќе можат да примат уште една доза од вакцините против коронавирусот. За разлика од првите две имунизации кога жителите можеа да одберат која вакцина ќе ја примат, третата доза ќе биде исклучиво со вакцините на фајзер.
„Тоа се граѓаните над 60 годишна возраст, согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат. Притоа, вакцинацијата ќе можат да ја направат каде сакаат.“ - изјави Филипче.
Во моментов се прават други испитувања дали трета доза би можеле да примат и други категории граѓани, пред се оние кои се дел од критичната инфраструктура и онаму каде што пости поголем ризик. За две недели се очекува да почне и скрининг на учениците за да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот.
Според последните податоци на министерството за здравство, за неполн месец бројот на активни случаи на ковид-19 намален за околу 3.000, откако на почетокот на септември во државата имаше над 15.000 заболени.
Според Епидемиолошки анализи во моментов, во скопје има најмногу активни а потоа следуваат Куманово, Тетово, Охрид и Гостивар. Досега Целосно имунизирани се над 714 илјади граѓани. Барем Една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.