Од Уставен за ТВ 24: Судот не се изјаснува за недонесени закони

Судот не коментира актуелни прашања во јавноста и не носи ставови за закони во најава.„Уставниот суд се изјаснува по направена анализа на постоечки акти, кои се во правен промет, но не и најавени или планирани измени, закони или било какви акти, без оглед дали станува збор за поднесена иницијатива од граѓанин или предмет оформен по сопствена иницијатива, велат од Уставен за ТВ 24.

Ставот на Уставниот суд доаѓа откако вчера и мандатарот Христијан Мицкоски, но и дел од униветзитеските професори ги повика ауставните судии да се изјаснат околу уставноста на планираните измени на законот за локална самоуправа, со кои ако се донесат, со општината доколку е поминат половина од мандатот на актуелниот градоначалник, со општината може да раководи в.д градоначалник.