Од Тајната вечера до распетието: Денеска е Велики четврток

Православните верници денеска го чествуваат Велики Четврток, денот на Тајната вечера и воспоставувањето на Светата Причест, а воедно и денот со кој започнуваат трите најтажни денови во годината, исполнети со тишина, молитва и покајание.

Македонската традиција налага првите велигденски јајца да се бојосуваат рано утрото, пред изгрејсонце, при што првото јајце се чува цела година како заштитник на семејството. Црвено, бело, дебело - здраво, живо, весело – со оваа изрека на велики четврток мајките поминуваат со бојосано јајце по лицата на своите деца, како симболика на животот, но и на воскресението Христово. 

Суштинската порака што ја носи Велики Четврток е повик кон живот исполнет со љубов, скромност и пожртвуваност. Овој ден потсетува дека вистинската вера се потврдува преку делата и односот кон другите, а не само преку зборовите. 

Овие денови се и денови на строг пост, а утре, велики петок е еден од најтажните денови во христијанството, посветен на страдањето и жртвата на Исус Христос, ден исполнет со тишина, молитва и духовно преиспитување.