ОД СУДБИНАТА НА СЈО ЗАВИСИ ДАЛИ ЌЕ ДОБИЕМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Foto

ОД СУДБИНАТА НА СЈО ЗАВИСИ ДАЛИ ЌЕ ДОБИЕМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Неизвесниот исходот од преговорите за СЈО и натаму ги условува евроинтегративните процеси на земјата - дрвото е засадено но ЕУ го очекува плодот вели амбасадорот на Франција во земјава Кристијан Тимоние. Сепак тврди Франција но и земјите членки на ЕУ се свесни во каква изолација беше до сега земјава и ќе ги вреднува храбрите чекори како договорите со Бугарија и Грција . Сепак порачува политичките партии кои преговараат за Законот за ЈО мора да покажат политичка зрелост бидејќи ЕУ тоа и го очекува .

Премиерот Зоран Заев пак и денеска посочи оти доколку има исчекор во преговорите за идниот статус на СЈО ќе има и лидерска средба со Мицкоски . Вицепремиерот за Европски прашања Бујар Османи пак веќе посочи оти ако нема договор за СЈО ќе се разговара со пратениците за двотретинско мнозинство . И денеска посочи оти е оптимист дека земјава се уште има шанси на јунско - јулскиот самит на ЕУ да добие датум за отпочнување на преговорите.

Добивањето на датум за отпочнување на преговорите во голема мера ќе зависи и од извештајот на ЕК за земјава кој ќе биде познат до крајот на месецов . Сепак како што порача и францускиот амбасадор Тимоние работите ќе станат појасни по извештајот но и откако ќе се сумира кои од задачите што и беа испорачани на Р. Северна Македонија ги исполнила . Преговорите за СЈО и натаму остануваат во фокусот не само на домашната туку и меѓународната јавност .

0 Коментари

Остави коментари