Од среда замрзнати веќе покачените цени на над 50 производи, граѓаните скептични
Владата утре на седница ќе ја утврди листата на производи кои од среда ќе се продаваат по намалена, гарантирана цена, и тие не ќе смеат да поскапат до 30 ноември.
Станува збор за 25 категории и над 50 производи од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија кои во маркетите ќе се продаваат со ознака, а ќе чинат колку што се продавале на 1 август и дополнително на тоа намалени за минус 10 отсто.
Граѓаните на став дека со вакви економски мерки, тргни-застани, замрзни-одмрзни се чувствуваат како да се ни на небо ни на земја.
За дел од економските аналитичари, мерките се популистички, коментираат дека владата свесно им дозволи на трговците да ги поскапат цените за сега да се фали дека ќе ги замрзне и дека со тоа ќе им помогне на граѓаните да го скрпат животот.