Oд шоумен преку хуманитарец, до главен рекетар на осомничен за криминал – профил на Бојан Jовановски
Foto

Oд шоумен преку хуманитарец, до главен рекетар на осомничен за криминал – профил на Бојан Jовановски

Од желба за естрада, преку водителство и своевидна пејачка кариера, па преку судски процеси и непоседување трансакциски сметки во Македонија, и по наводно бегство од Србија, 33-годишниот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, воскресна повторно пред очите на јавноста во Македонија, претставувајќи се како голем хуманитарец и борец за човекови права, за потоа да се прикажува сопственик на национална телевизија, а притоа не беше. Неговото шоу, сега го стави во улогата на притвореник во Шутка.

Осомничениот Јовановски,  денешниот роденден до лани го славеше преку покажување на јавноста дека живее како милионер, се истакнуваше преку екстравагантноста, гламурот и ексцентричноста, преку која најчесто ја покажуваше и својата женска страна. Започна со манифестацијата „13-ка за најуспешните“, по што го доби и прекарот, па продолжи како водител на емисијата „АРЕНА Б-13“, за да потоа издаде музички албум, а со тоа стане и дел од неколку реални шоуа во соседна Србија. 

Лицето Бојан Јовановски во очите на многумина успеа да ја разобличи политичката сцена, преку фотографирањата и дружењата со најголем дел од политичарите на власт, а кои го поддржуваа во неговото делување во псевдо-организацијата „Меѓународен сојуз“ и во телевизијата, на чијшто прв роденден скоро цела Влада стануваше за да помине осомничениот Јовановски и да седне во македонската Филхармонија. 

Најеклатантни беа дружбите со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а особено оваа дружба дојде до израз пред еден месец, кога се отвори случајот „Рекет “. Скандалот со митото и рекетот не остави никого рамнодушен, па нервозата изразена при прашањата поврзани за средбите со Боки 13 успеаја го испровоцираат и премиерот Зоран Заев, при што ја навреди ЛГБТИ-заедницата.

Но, оваа желба за скапа чанта од брендот „Луј Витон“ му ја исполни бизнисменот Орце Камчев, за чијашто дружба допрва ќе треба да се утврди кој-кого местел во случајот „Рекет“, а од кои аудио-снимки се слуша и гласот на другарката на Боки, Катица Јанева.

Но, прашањето на граѓаните е каде се парите: 

Во меѓувреме, за осомничениот Јовановски пишуваат и српските медиуми, шпекулирајќи дека тој ужива поповолни услови од останатите притвореници. Но, директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ реферира дека написите се лажни и непроверени. Тој за Телевизија 24 посочи дека се' уште нема пристигнато одлука за негово спроведување пред истражни орган за распит.

На крајот од ова шоу, кое не може да биде пореално отколку што е за целата држава, Боки единствено останува да почека, дали 13-ка му е среќната бројка, или баксузот за в ќелија.

0 Коментари

Остави коментари