Од септември ќе се применува просечната потрошувачка кошничка, различна од онаа на ССМ
Утре ќе заседава Економско социјалниот совет – теми на дневен ред се усвојувањето на предлог годишна програма на ЕСС, предлог закон за високо образование, и предлог закон за озбесбедување на квалитет во високото образование и наука.
Меѓу останатите точки кои можат да с енајдат се и тие под разно по предлог на членовите на ЕСС.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска рече дека просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика и очекува од септември да почне да се применува.
По однос на анализата која опфаќа 600-700 производи Ристески потенцираше дека е во финална фаза и дека за истата ќе се произнесат со детали. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека претставниците на тие маркети кај кој е утврдено маржа од 2 до 5 посто ќе бидат повикани на состанок на кој ќе им даде до знаење дека нивното однесување било недозволиво.
Со анализата се опфатени околу 600 до 700 основни прехранбени производи кои се дел од потрошувачката кошничка, а анализата ќе ги следи цените низ целиот синџир, од производителот до крајниот трговец.

