Од сабота снег и на пониските места
Foto

Од сабота снег и на пониските места

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во северните и источните делови со слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер.

Максималната дневна температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.

– Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег. Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места, соопштија од Управата.

0 Коментари

Остави коментари