ОД ПРВИ ОКТОМВРИ НА МАТИЧЕН И ВО АПТЕКА СО ЛИЧНА КАРТА
Foto

ОД ПРВИ ОКТОМВРИ НА МАТИЧЕН И ВО АПТЕКА СО ЛИЧНА КАРТА

Од први октомври граѓаните кај матичен лекар ќе треба да одат со лична карта, а документ за идентификација ќе треба да приложат и во аптека кога ќе подигнуваат лекови на рецепт. На овој начин Фондот смета дека ќе ја зголеми контролата при издавање и препишување на лекови на рецепт, а со укинувањето на квотите, властите тврдат дека пациентите ќе добиваат лекови во текот на целиот месец. Од фондот појаснуваат и дека граѓните ќе може да подигнат лекови и за друго лице, но притоа ќе мора да се идентификуваат со лична карта или пасош.

- „Лековите за хроничните пациенти како и лековите за деца и осигурените лица кои не можат сами да подигнат лек поради здравствена состојба, друго лице ќе може да ги подигне во негово име со сопствен документ за лична идентификација.“. - ФЗОМ.

Граѓаните со поделени мислења за ваквите најави на здравствените власти.

Од Фондот најавија дека во следните неколку месеци наместо хартиени, рецептите ќе бидат електронски. За таа цел во аптеките ќе се постават скенери за валидација на личните документи, кои што или ќе бидат или на товар на Фондот или пак ќе бидат субвенционирани.

Во однос на реакциите на матичните лекари, велат дека запишувањето на рецептите во книшки ќе важи до 1ви октомври и појаснија дека потоа нема да има хартиени дневници туку евиденцијата ќе се води како и досега електронски.

Зајакнувањето на контролата за препишување и издавање лекови доаѓа откако Премиерот и здравствените власти неодамна обелоденија дека имале индиции дека лекари и аптеки правеле злоупотреба со лековите и издавале фиктивни рецепти.

Директорите на Фондот и денеска не открија колку и кои лекари правеле злоупотреби и какви санкции добиле, но посочија пример во кој лекар на еден пациент му препишал 27 пумпи за астма.

0 Коментари

Остави коментари