ОД ПРВИ ЈУЛИ ГОДИНАВА ПОВРАТ НА ДДВ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Foto

ОД ПРВИ ЈУЛИ ГОДИНАВА ПОВРАТ НА ДДВ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Секој што има најмалку 15 години, лична карта или пасош и транскациска сметка на негово име ќе треба да се регистрира во електронскиот систем на УЈП и на својот мобилен телефон да ја инсталира апликацијата „Мој ДДВ“ за да бара од државата поврат на парите од данокот.

Апликацијата ќе биде достапна за симнување на веб страницата на УЈП од 1 јули, а на еден телефон ќе можат да бидат логирани повеќе лица. Повратот ќе се прави преку скенирање на баркодовите на фискалните сметки кои автоматски ќе се испраќаат во УЈП. Нема потреба тие да се чуваат. Фискалните сметки не треба да бидат постари од 10 дена, а повратот ќе важи само за сметки до 30.000 денари, за да се избегнат скапи односно луксузни работи, велат од Владата. Повратот нема да се прави за фактури и сметки со кои граѓаните плаќаат струја, вода и останатите комуналии.

Државата ќе враќа 15% од платениот ДДВ. Што значи дека на платена сметка од 1000 денари, граѓаните плаќаат 180 денари ДДВ. Од овие 180 денари државата ќе врати 15% или во овој случај 27 денари.

Едно лице месечно може да врати максимум 600 денари за кои треба да потроши над 22 илјади денари.

За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ нема да плаќа персонален данок.

Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември. Во буџетот за враќање на ДДВ е проектирано да бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно.

0 Коментари

Остави коментари