Од први февруари можност за поевтин дизел?!
По 13 години повторно во функција е ставен продуктоводот Солун – Скопје. Станува збор за поранешниот нафтовод преку кој се дистрибуираше нафта од Грција до скопската рафинерија Окта.
Од почетокот на годинава се прават технички подготовки за дистрибуција на готов производ- дизел гориво и поради тоа сега нафтоводот се нарекува продуктовод. Ова го потврдија и од грчката компанија „Хеленик енерџи“, од каде посочија дека веќе била испорачана првата пратка, а во следниот период ќе следува и втората.
„Хеленик енерџи“
„Во суштина станува збор за еден вертикален коридор за снабдување со традиционални производи, со оглед на тоа што нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво, кое е основниот производ во поширокиот регион. Дополнително, работењето на нафтоводот ги олеснува извозите не само кон Северна Македонија туку и кон соседните пазари, како Косово, јужна Србија и Бугарија, со што се зајакнува геополитичкото влијание на земјата во регионот.“
Според информациите до кои дојде Телевизија 24 сите технички процедури и компалетирање на целокупната документација треба да заврши до крајот на овој месец и потоа продуктводот да биде официјално пуштен во употреба. Пред околу два месеци и македонските власти најавија дека како држава ги имаме превземено сите чекори за ставање во функција на продуктоводот.
Пред точно две години имаше обид исто така да биде ставен во функција но од тогаш до сега тоа не се случи. Целат постапка заглави во администартивни процедури а по се изгледа и од немање политичка волја..
Тогаш, Министерството за економија имаше задача да подгорви нов правилник кој беше дел од Законот за енергетика, со тој правилникот се воведе и нова методологија за пресметка на цената на горивата бидејќи со дистрибуцијата преку цевките на продуктиводот се намалуваат и трошоците за транспорт на горивата кои од Солун кои влегуваат во земјава. Во изјава за тв 24 Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски тогаш напомена дека намалувањето на цената на горивата ќе биде неминовно со почетокот на функционирањето на продуктоводот.
А, дополнително, ќе има и позитивно влијание и врз животната средина, бидејќи драстично ќе се намали дистрибуцијата со цистерни. Според информациите продуктоводот годишно може да пренесува 2,5 милиона тони дизел гориво. Нафтоводот беше неактивен од 2013 година.

