Од први декември почнува мерката за државна помош - 662 милиони евра за широк опфат на повеќе категории лица
Деветтиот пакет антикризни мерки предвидува 26 мерки а тие тежат 662 милиони евра. Владата го објави новиот пакет помош за граѓаните и компаниите.
Според планот на Владата, 120 илјади млади лица, 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 600 илјади домаќинства, 70 илјади компании, и речиси 540 илјади граѓани кои скенираат фискални сметки ќе добијат државна помош.
Мерките ќе почнат да важат од први декември.
Антикризни мерки
120 илјади млади лица
74 илјади граѓани од ранливите категории
187 илјади пензионери
600 илјади домаќинства
70 илјади компании
540 корисници на Мој ДДВ
„Над 105 илјади ученици од основното образование и средношколците во следните шест месеци ќе добиваат по 1200 денари односно 1800 денари месечно, што од буџетот за оваа намена ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра. Петнаесет илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање ќе добијат ваучер за превоз. Во наредните пет месеци пензионерите со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по три илјади денари месечно, оние од 14 до 16 илјади денари ќе добиваат по две илјади денари, додека за пензионерите со промања од 16 до 19 илјади денари во следните пет месеци ќе имаат поддршка од 1500 денари.“ - рече премиерот Ковачевски.
По илјада денари во следните шест месеци ќе добиваат ранливите категории, самохраните родители, проматели на социјална помош, родители на деца со попреченост до 26 години. За да се зголеми производството на земјоделците, владата подготви и мерка за нив, и тоа авансна исплата на субвенции за 40 илјади земјоделци. Преку развојната банка, од владата велат дека за компаниите обезбедиле 39 милони евра. За фирмите ќе има и евтини кредити како што ги претставија властите од меѓународните финансиски институции. А пакетот на мерки предвидува и субвенција на плати во приватниот сектор.
„Мерката дава можност, но има и неколку ограничувања, но дава можност да се зголемат платите од три до десет илјади денари за зголемениот износ се плаќа само личен доход, а се ослободува од плаќање за придонеси. Но, ограничувањето е дека оваа мерка може да ја користат сите вработени кои што имаат плата до една и пол просечна плата исплатена во последните три месеци.“ - рече Фатмир Битиќи вицепремиер за економија.
Парите потребни за овие антикризни мерки ќе бидат обезбедени од државните буџети кои се предвидени за годинава но и за 2024 година. Властите уверуваат дека кредити нема да се земаат за да се реализираат најавените мерки. Тоа што мерките завршуваат пред изборните циклуси догодина, властите велат дека е чиста случајност.