Од пријателска расправија до убиство

Го тепал со метална шипка, раце и нозе, па го оставил да искрвари на скали, крвава расправа помеѓу двајца пријатели заврши со смртен епилог во дојранското село Сретеново.... 

Од основното јавно обвнителство  Гевгелија известуваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик...

ОЈО Гевгелија

,,Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. Сега починатиот Н.Т  инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата“ стои во соопштението на ОЈО Гевгелија... 

Според информациите од ОЈО Гевгелија, осомничениот  го удирал речисти половина част оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници по телото и черепот од што сега веќе починатиот се здобил со тешки телесни повреди и крварење кои завршиле со смртен епилог.