Од понеделник во Штип вакцинирање на вработените од приватниот сектор
Foto

Од понеделник во Штип вакцинирање на вработените од приватниот сектор

И работниците дојдоа на ред за вакцина. Здравствените власти најавија дека на регионалниот пункт во Штип од наредната недела почнува вакцинирањето на вработените од приватниот сектор. 

Компаниите веќе доставуваат барања и нивниот интерес е голем. Нема точна бројка колку од вработените сакаат да се вакцинираат, но од тој број ќе зависи и динамиката на имунизација.  

Метежот од минатата недела е намален, но редицата за вакцинирање се уште е долга дваесетина метри.

Сега се вакцинирараат граѓаните над 58 години и критичната инфраструктура. Нема вакцинирање преку ред, тврдат здравствените работници.

Досега на пунктот за вакцинација во Штип и здравствените домови од истокот се вакцинирале над 11.500 граѓани. Од регионалниот пункт во Штип велат дека вакцини има доволно, а тргањето на забраната за користење одмор за здравствените работници нема да го загрози процесот на вакцинација.

0 Коментари

Остави коментари