Од понеделник вакцинирање на деца од 12 до 16 години со Фајзер
Од понеделник ќе може да се вакцинираат и деца од 12 до 16 години исклучиво со „Фајзер“, која е единствена вакцина што во упатство дозволува имунизација на деца на оваа возраст.
Министерството за здравство одлучи заедно со теренската вакцинација, да препорача и имунизација на децата како најголеми преносители на коронавирусот.
На ваков чекор надлежните се одлучиле бидејќи студиите покажале-индисикиот сој во Британија бил најзастепен кај младите и децата.
Во исто време,епидемиологот Сашо Олумчев предупредува дека во болницата во Гевгелија биле хоспитализирани 15 тина деца со чудни симптоми-белодробно заболување со непознато потекло, ниска сатурација и висока температура. Станува збор за деца меѓу 2 и 3 годишна возраст од кои дел биле пратени во болницата во Козле.
Олумчев препорачува за нив да се направи секвенционирање во МАНУ за да се испита за кој вирус се работи бидејќи обичните тестови не го детектираат делта сојот, а другите вируси вообичаено се јавуваат во зима.