Од понеделник на заболекар само доколку е итно во државен пункт
Foto

Од понеделник на заболекар само доколку е итно во државен пункт

Со оглед на опасноста од ширење на коронавирусот, министерството за здравство ги задолжи здравствените домови во целата држава да отворат стоматолошки пунктови, но само за итни случаи.

Жителите во Скопје на заболекар ќе може да одат во поликлиниките Јане Сандански, Ѓорче Петров и Бит Пазар но само доколку имаат итна потреба, како што се неколкудневна забоболка, акутна инфекција или пак крварења.

Здравствените власти им наложија на приватните стоматолошки ординации да не работат, односно периодов ги ставаат во мирување. Доколку се јави потреба министерството ќе ги вклучи и нив во работата на итните стоматолошки служби. Од стоматолошката комора велат дека имаат добиено протоколи како ќе се примаат и третираат пациентите.

Претседателот за тв 24 изјави дека пунктовите се опремуваат со заштитна опрема за стоматолозите, дезинфекциски средства и се што е потребно за заштита на кадарот и пациентите од корона вирусот.

„Ги опремуваме сите пунктови со заштитна опрема, хихрушки одела, заштитни визири ракавици, дезифенциенси за обувки за раце, пунктовите ќе бидат комплетно опремени по протокол. Се планира сите градови да се оспособат за прием на итни пациенти. Секој треба да си го почитува својот матичен пациент и да го советува. Ова е време на солидарност“, изјави д-р Маријан Денковски, претседател на Стоматолошката Комора за ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари