Од полноќ стапува на сила забраната за увоз на руски јаглен

Стапува на сила целосната забрана за купување руски јаглен за земјите членки на Европската Унија. Мерката е дел од четвртиот пакет санкции кои Еу ги усвоени против Москва а испораките од Русија ќе бидат заменети со други земји.

Веќе е забележан пораст на увозот на јаглен во Холандија, Германија, Италија, Шпанија и Белгија а првите луше на унијата се надеваат дека ќе успеат да обезбедат доволни количини пред да почне зимата со оглед на тоа дека 70 отсто од увезениот јаглен досега доаѓаше од Русија.

Земјите од ЕУ се согласија за преоден период од 120 дена за да и дадат време на индустријата да се прилагоди на забраната за увоз. До крајот на годината се очекува да стапи на сила и делумната забрана за увоз на руска нафта.

„Јаглен има доволно до крајот на летото, но подолготрајна зависност од јаглен заради надокнадување на гасот, би значела дека Европа некогаш мора да обезбеди дополнителни количества. Тогаш, поради забраната за увоз на руски јаглен, ќе има недостиг.“ - изјави Саманта Дарт - Експертот за прашања од областа на енергетиката во банката Голдман Сакс.

Ембаргото влијае на 22 отсто од целиот руски извоз на јаглен за 2021 година. Сепак, Москва, со голем попуст од околу 50 проценти договори испораките да се пренасочат кон Индија и Турција.

А Велика Британија подготвува планови за организирани прекини на струја за индустријата и домаќинствата во текот на зимата, кога ниските температури би можеле да се совпаднат со недостиг на гас. Според британските медиуми, земјата би можела да се соочи со недостаток на електрична енергија дури и откако електраните на јаглен ќе бидат ставени во погон.