Од полноќ поскапуваат бензините за еден денар

Вечерва од полноќ поскапуваат бензините за еден денар, додека пак дизелот останува по истата, досегашна ценма.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34% во однос на одлуките од 20 јули 2023 година.

-Од полноќ на полноќ малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра ленено масло за домаќинства (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,001 ден/кг., наведува во соопштението РКЕ.

Од 25 јули 2023 година, од 00:01 часот, максималната цена на нафтените деривати ќе биде:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (ден/лит)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (ден/лит)

Дизел гориво EURODIZEL BS (D-E V) 72,50 (ден/лит)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (ден/лит)

Mazut M-1 NS 41.001 (ден/килограм)