Од полноќ пониски цени на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе нова одлука за цените на нафтентите деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ.

Со денешната одлука на РКЕ малопроджната цена на дизелот се намалува за 2,5 денари за литар, а цените на бензините се намалуваат за 2 денари.

 

Со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) чини 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95  се продава за 93,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 96 денари.