Од одмор до борба за живот: Млад Македонец повреден во Бодрум
Младо момче од Македонија утре ќе биде вратено во земјава со владиниот авион откако тешко се повредило при пад од тобоган на летување во Бодрум.
Момчето се здобило со скршеница на вратен пршлен и е хоспитализирано во Турција. Поради сериозноста на повредите лекарите процениле дека транспортот со редовен комерцијален лет или со возило не е безбеден.
Утре со владин авион ќе биде транспортирано во земјава.

