Од новиот коронавирус починаa 1.789, заразени 60.000 луѓе
Foto

Од новиот коронавирус починаa 1.789, заразени 60.000 луѓе

Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми од вчера  за 93 и сега е 1.789.

Во Хубеи, жариште на вирусот Ковид-19, регистрирани се 1.807 нови случаи, со што вкупниот број достигна 59.989.

Најновите информации беа објавени на веб-страницата на здравствената комисија на таа провинција во Кина. Меѓу лицата кои ги загубија животите во Вухан е и директорот на болницата. Речиси 90 отсто од новите случаи се во главниот град на провинцијата, каде живеат околу 11 милиони луѓе.

0 Коментари

Остави коментари