Од нива до трпеза или од граница до трпеза?

Од нива до трпеза или од граница до трпеза? Владата на став дека работата во интерес на граѓаните да обезбедат храна од домашната нива, квалитетна и безбедна храна. Министерот Цветан Трипуновски ги повика земјоделците да бидат амбасадори на македонските земјоделски производи потенцирајќи дека земјава изобилува со како што рече природни убавини. 

Со купување на домашни производи се инвестира во домашната локална економија подвлече министерот Трипуновски и додаде дека  работата на поддршка на македонското земјоделство потенцирајќи дека тоа е дел од нашата традиција. 

Македонија, иако традиционално аграрна земја, денес увезува околу 70 отсто од своите земјоделски производи велат експертите. Македонија станува исклучително зависна од увезена храна или за 10 години увозот се зголемил на фрапантни 88 проценти.Ако во 90-тите сме имале 660.000 хектари обработливо земјиште сега тоа е помалку од 500.000.Според статистичките податоци годишно како држава трошиме стотици милиони евра за увоз на странски земјоделски производи.  

Премиерот Мицкоски денеска рече дека земјоделството е еден од стратешките приоритети на Владата, наведувајќи дека во последните 11 месеци биле исплатени повеќе од 8 милијарди денари за субвенции и други форми на финансиска помош за земјоделците.

Додека се работи на подобрување на земјоделството по пазарите трговците дека цените се такви какви што се бидејќи се е увезено, последната статистика покажува дека за една година животот поскапел за 3,3 проценти.