Од недела почнува зимско сметање на времето
В недела, на 29 октомври, започнува зимското сметање на времето, а потоа стрелките ќе се поместат еден час наназад. Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s.
Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето. Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето.
Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.