„ОД НАС ЗА ВАС“: НЕПРИМАЊЕТО НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА ВО ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА Е НАЈБРУТАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Foto

„ОД НАС ЗА ВАС“: НЕПРИМАЊЕТО НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА ВО ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА Е НАЈБРУТАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Незадоволство од донесените одлуки  за актуелната забрана за упис на невакцинираните дечиња во градинките и првачињата во училиштата ,  повредата на законот за лични податоци , недоследности во спроведувањето на решенијата и нејасностии во законските одредби беа изнесени на денешната  прес конференција од страна  на претставниците на здруженијата „Од нас за нас“ и „Здравјто на игла не влегува“ .

Нарушувањето на правото на образование кое е  загарантирано со Уставот е меѓу другото и  непочитување на правото за заштита од дискриминација, истакна Гордана Гоџо.

Од здружението информираат дека не се согласуваат со мерките предложени од страна на владата , и дека иако и во  минатото се забележани епидемии , никогаш оваа забрана не била применета од страна на надлежните. Хаосот дополнително е зголемен од страна на  директорите  во училиштата  и барањето на потврдите за примени вакцини.

Здружението во сабота организира научна конференција, на која се очекува да присуствуаат експерти од државата, Словенија , Хрватска и Србија и на која ќе бидат изнесени спротиставени аргумени за и против вакцинацијата . Покана е доставена и до премиерот Зоран Заев, кој финансиски ја поддржал конференцијата , но нема да може да присуствува на истата, додека од министерството за здраство засега нема потврда за присуства на конференцијата .Министерот за здраство, пак, Венко Филипче на почетокот на новата учебна година, изјави дека останува цврсто на ставот дека за упис мора да има вакцинален статус, затоа што и резултатите говорат за позитивниот ефект  врз локализирање на епидемијата.

0 Коментари

Остави коментари