Од наредната година земјоделците ќе имаат електронски увид во доделувањето на субвенциите
Луѓето кои што се занимаваат со производство на храна и со одгледување на стока, од наредната година полесно ќе ги следат своите барања за субвенции.
Платежната агенција воведува нова дополнителна услуга - преку овој модул секој корисник на финансиска поддршка да може да си изврши увид во решението за исплата, но и да го преземе, без да губи време и да се изложува на трошоци.
Изготвеното упатство за корисниците ќе биде достапно на веб страницата на Платежната агенција, а ќе биде доставено и до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според записите на агенцијата за статистика како што одминува времето бројот на земјоделци и одгледување на добиток е во слободен пад. За илустрација од нивната последна публикација во 2023 година, во споредба со 2022 година, вкупниот број на говеда е намален за 9.7%. Бројот на свињите е зголемен за 5,9 отсто, како и кај живината за 11.8% кај овците пак е забележан пад од 9.2%.

