Од март 2027 Флајдубаи ќе воспостави директна линија Дубаи – Скопје со три лета неделно
Во рамки на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба и со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала.
На средбата официјално било потврдено дека од март наредната година, Флајдубаи ќе воспостави директен лет Дубаи – Скопје три пати неделно.
Разговарано било и за можностите што ќе ги донесе ваквата директна линија во делот на унапредувањето на економските и трговските врски, привлекувањето странски инвестиции, како и продлабочувањето на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.

