Од легализација на странски возила се планира буџетски приход од 25 милиони евра
Foto

Од легализација на странски возила се планира буџетски приход од 25 милиони евра

Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација.

Ова ново законско решение што го усвои Владата, но допрва за него ќе расправа Собранието, ќе важи само за возила во сопственост на лица кои имаат двојни државјанства. Возилата да се со стандард ЕУРО 4, а мерката ќе важи една година.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека со законот од една страна ќе се реши проблемот со возилата со странски таблички, а од друга страна ќе има дополнителни приходи во Буџетот. Власта планира по овој основ во буџетот да влезат дополнителни 25 милиони евра.

„Овој закон од една страна ќе се реши проблемот со возилата со странски таблички, а од друга страна ќе има дополнителни приходи во Буџетот. Важно е да се наведе фактот дека остануваат другите критериуми кои произлегуваат од постоечките закони за возила, а кои се однесуваат на заштита на животната средина. Значи сите возила кои се влезени пред 1 октомври, а ги исполнуваат еколошките критериуми предвидени со подзаконските акти , треба да бидат над евро 4 стандард, рече Бектеши.

Екологистите реагираат дека со ова решение земјата повторно ќе се полни со отпад и дека парите се поважни од здравјето.

Според информациите од шпедитерите, најголемиот дел од увезените возила во земјава се од земјите на ЕУ и тоа преку Бугарија, но има и од Косово. Точната бројка на возила што во моментот се возат со странски таблички никој не ја знае. Од полицијата велат дека тие водат евиденција само на возилата со македонски таблички.

Автомобилите со странски таблици може легално да престојуваат во земјава три месеци и потоа мора да ја поминат границата и повторно да влезат во Македонија. За регистрација плаѓаат во странство.

0 Коментари

Остави коментари