Од Костовски, преку Трајановски, па се’ до Шилегов – скопскиот трамвај се’ уште е желба, но скапа
Foto

Од Костовски, преку Трајановски, па се’ до Шилегов – скопскиот трамвај се’ уште е желба, но скапа

Сегашниот јавен транспорт е концепт стар повеќе од 40 години и е правен за потребите на тогашно Скопје за да ги задоволува потреби на Скопје до 1984 година. Но, денес за град каде стационирани се сите интереси, од бизнис до администрација, институции и секојдневна мобилност, градот станува пренаселен а со тоа Скопје се шири и во површина и во популација. Трамвајот е добра алтернатива но може да го отежни сообраќајот, вели професорот Зоран Кракутовски кој смета дека потребен е лесно метро кој и по брзината и по достапноста ќе го намали сообраќајниот хаос но и ќе придонесе до одржлив транспорт.

Околу девет и пол милиони евра од буџетот на Град Скопје се трошат за јавен градски превоз за околу 43 милиони патници годишно. Трамвајот ќе придонесе за одржлив град а Скопје ќе има целосно економичен и еколошки јавен транспорт вели Шилегов појаснувајќи дека за трамвајот нема да се оди со концесионер.Најави дека првата градежна фаза би требало да трае околу две и пол години.

За развој на транспортен систем потребни се стандарди кои ќе ги запазат потребите на граѓаните а не на политичарите вели поранешниот градоначалник Трифун Костовски чија идеја за трамвај пропадна а беа потрошени околу милион и пол евра. На Шилегов му порача да го проучи проектот бидејќи тендерската документација постои и нема потреба од ново трошење на пари од граѓаните. 

Професорот Кракутовски пак смета дека за да се олесни сообраќајот а да се намали употребата на автомобили потребно е и на луѓето од регионалните општини да им се понуди брз транспорт, поекономичен и попристапен, особено да се размислува за комбинирање на патниот со железничкиот сообраќај. Шилегов пак вели дека се прават анализи за тоа како би се изградил градскиот воз од Драчево до Ѓорче Петров односно искористување на сегашната пруга.

Трамвајот е предвиден во 4 фази, првата фаза од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, втората е од Пинтија до центарот на градот, третата од Ѓорче до Сарај и четврттата фаза е од Бутел и Автокоманда спојување со главната трамвајска линија.

Со оваа сторија, Телевизија 24 се придружува кон кампањата на Институтот за комуникациски студии за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“

0 Коментари

Остави коментари