Од идната недела Црна Гора се отвора за туристи
Foto

Од идната недела Црна Гора се отвора за туристи

Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела, објави премиерот Здравко Кривокапиќ по посетата на Грција.

- Овој ден е симболичен, бидејќи Грција е отворена за сите туристи. Продавници, ресторани и хотели почнаа со работа, што укажува на важноста на силната врска што треба да ја следиме, бидејќи нашите протоколи се слични, приодите се приближни исти и Црна Гора ќе ги отвори сите граници за туристите следната недела, со најважниот збор - Добредојдовте на црногорското приморје, изјави Кривокапиќ.

Тој доаде дека државата ќе обезбеди силна поддршка особено на инвеститори од Грција кои повеќе ќе бидат присутни на просторот на Црна Гора.

0 Коментари

Остави коментари