Од гиганти до загубари - дали е можно решение за „Еурокомпозити” и за „Тец –Неготино”
Foto

Од гиганти до загубари - дали е можно решение за „Еурокомпозити” и за „Тец –Неготино”

Едни се загубари, други немаат ниту работа, ниту плата, трети плата земаат, но не произведувале 11 години. Прилепски Еурокомпозит, велешка Колска и неготинската термоелектрична централа, се меѓу компаниите кои владата сака да ги продаде. Но, колку се атртактивни за инвеститорите.

Прилепската компанија која произведува опрема за воената индустрија има долга загубарска историја. Некогаш вработуваше 200 луѓе, а сега само педесеттина се на работа. Но, ниту тие, ниту нивните колеги кои доброволно отидоа технолошки вишок, со месеци и години не земале пари. Првите добија само една третина од ветената отпремнина, вторите речиси една година се без плата.

Во истовреме, Еурокомпозит тоне во долгови. На државата и должи 870 илјади евра, од кои 480.000 за ДДВ и данок на добивка, и 390.000 евра за придонеси за плати. Дека компанијата е во тешка состојба покажува и фактот дека во фирмата струја нема од нова година. Вработените велат дека приказната за инвеститор во Еурокомпозит е стара, но досега не реализирана. Во слична состојабе и велешка Колска. Фирмата која е во државна сопственост и која сервисира товарни и панички вагони добива плата само кога има работа. А неа се помалку ја има, па вработените често преку штрајкови добиваа аванси.

Од менаџментот велат дека идејата за приватизација е стара, колку што се стари и дотрајани машините на Колска. Токму тоа ги мотивирало луѓето од чешката компанија Локо транс, која се понудила да гради нов погон во Скопје и да преземе околу 600 вработени од Колска. За ова, но и за долгот кон државата од 330.000 евра неплатен ДДВ, утре менаџментот на велешката компанија ќе разговара и со министерот за транспорт Благој Бочварски. На нов инвеститор се надеваат и 207-те вработни на термоелектраната Неготино.

Иако струја последен пат произвела пред 11 години, менаџментот вели дека ТЕЦ Неготино континуирано се одржува и остварува приходи. Електраната има договор со МЕПСО и дава услуга „резервна моќност на елктро енергетскиот систем во случај на недостиг на електрична енергија. Од менаџментот велат дека идејата за продажба на ТЕЦ Неготино е добра.

„Сметаме дека ТЕЦ Неготино е интересна за инвеститорите, поради нејзината локација, интерконекции со веќе постоечката инфаструктура, сходно проектите за гасификација на Република Северна Македонија како и можноста за гасификација и пренамена на самиот ТЕЦ Неготино, што би било позитивно не само за Енергетскиот биланс на Р. Северна Македонија туку и за регионалниот енергетски контекст. Тоа сериозно би влијаело на одржливата енергетска стабилност во Р. Северна Македонија, а воедно и влијанието на вкупниот раст на економијата и импактот на БДП на Р. Северна Македонија“.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека Владата подготвува терен за јавно-приватно партнерство за неколку јавни претпријатија во државна сопственост, меѓу кои и Македонски пошти и транспортот на Македонски железници.

0 Коментари

Остави коментари