Од есенската сесија на Советот на Европа - на Бугарија и е подигнат мониторингот

Стразбур го укина мониторингот врз Бугарија ќе падне ли мониторингот и за ОМО Илинден? Парламентарното собрание на Советот на Европа на пленарна седница го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, поради како што наведуваат напредокот на земјата.

Резолуцијата која се усвои во Стразбур е врз основа на извештај на Дебора Бергамини од ЕПП и Ив Крухтен од групата Социјалисти, демократи и зелени, а единствените кои гласаа против беа тројца пратеници од Македонија и екс бугарската министерка за правда Надежда Јорданова.

Сепак, дипломатската победа на Софија не е безусловна - по гласањето, од Стразбур изразија загриженост за состојбата на ромското население во Бугарија, но и за извршувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права за регистрација на македонските здруженија. 

Парламентарно Собрание на Совет на Европа -  ПССЕ ги повика властите да „продолжат да соработуваат со Комитетот на министри на Советот на Европа со цел да се постигне опиплив напредок во извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права“, особено во случаите што се однесуваат на реформата на судството, присилните иселувања и уривањето на куќите на Ромите и одбивањата за регистрација на здруженија на лица кои ја искажуваат Македонската етничка свест. 

И додека Бојко Борисов заслугите за одлуката во парламентарното собрание во Стразбур, ги препиша на владејачкото мнозинство во земјата, министерот за правосудство Георги Георгиев изјави дека  постои можност до крајот на годината , Комитетот на министри да одреди датум и за затворање на мониторингот врз случаите за ОМО Илинден.

Георги Георгиев министер за правосудство – Имаме три гласа против. Од Република Северна Македонија. Пред 15 дена, лично се јавив во Комитетот на Министри во совет на Европа, по друга процедура. Во декември оваа година, за првпат по 19 години, може да се одреди датум за затворање на мониторингот за групата случаи ‘ОМО Илинден против Бугарија' од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа.

Комитетот на министри, може да затвори случај ако донесе одлука дека државата презела доволно чекори , односно - ако Бугарија покаже дека има механизам. ОМО Илинден, пак, со децении чека спроведување на пресудите од Стразбур, а забраната за регидстрација како здружение останува спорна.