Од денска генерален штрајк на вработените во обвинителствата – утре протест и блокади во Скопје

Јавнообвинителската служба од денес влезе во штрајк а со тоа се опфатени сите обвинителства во земјава. Бараат зголемување на платите за 78 проценти и враќање на додатоците на плата. Штрајкот ќе биде на сила во сите 28 јавни обвинителства низ земјава, а ќе трае се додека не се исполнат барањата на синдикатот. 

Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства кое е во склоп на УПОЗ вели дека Владата сама го има предизвикано штрајкот. Според неа проблемите се трупаат со години, но овој пат, како што рече, подготвени се да траат се додека не го добијат тоа што го бараат. 

Утре ќе се одржат два паралелни маршеви, во исто време, едниот на УПОЗ другиот на Независниот синдикат на судска администрација. УПОЗ ќе завршат пред Влада, додека Независните синдикалци ќе се лоцираат предм Министерство за финансии.